А тоа не е некоја голема храброст. Сила снемав. Ни а, ни б. Мачнина.
септември 7, 2010
.Секоја вечер вика по мене. Стариoв прими терапија вчера.Очите му се отворени, но не трепка. Станувам и седам до него. На глас ми зборува, а спие. Му одговрам. Во тие звуци, во неговиот сон, јас сум само уште еден мртовец. Гладен за грав. Три кила грав. Ќе ги раздадам утре негде. Не е при свест со денови. Вака ќе оди до крај. Утеха ли е таа реченица?! Умов ми е замаен. Бдеам. Слушам соништа на болен. Водам дијалог со за него веќе закопани. Батали. Многу е. Има уште од жолата?
Повели.
Толку многу му се познава. Офка. Кога е на метадон или слично не офка.Се разбира. Му олеснувало кажува со ликот сменет во
Метастазите во него. Чудовишта. Штрекосан од присувство во туѓи соништа. Родителски. Сински. Патење. Само му дотурив од жолтата фокусирана на дното од чашето за ракија. А тоа не е некоја голема храброст. Сила снемав. Ни а, ни б. Мачнина.
Се јави пријателот: Ко да ја видов Таа преоблечена.
септември 6, 2010
Се јави пријателот:
Ко да ја видов Таа преоблечена.
Не фајќајте ме за збор, но
Ко да ја видов таа преоблечена. И викнав, Женска!
Не ме чу или не се врти на женска. Ме замисли.
И свринав, Ништо. Косата и беше овојпат поинаква.
Нијанса до чоколадо. Ја гледав во профил три-четвртински
Зборуваше со некој. Нешто објаснуваше,
Повеќе со раце отколку со зборови.
Ко друга ми се виде. Човекот ја гледаше во вратот, а таа
Настојчиво објаснуваше.
Го сменила карминот за нијанса потемно, блиски до крваво
Но не толку.
Сега очите ги шминка помодро. Трепавиците и се пак исти.
Ко натежнати. Телото и е исто. Какво што и беше,
но ви велам преоблечана. Нешто затскрива.
И погледот И е некако друг. И смеењето и е друго.
Подлабоко. Пократко. Стеганто. Знаете она смеење, за други.
Човекот посегна да и ја помести марамата.на вратот.
Таа му ја фати раката уште во движење.
Можам сама, ко да му рече. Тој ја повлече раката.
Таа ја поднамести марамата и кажа, наслушнав:
- Се надевам дека ме разбравте. Ми требате,
сакам да бидете тука, до година, само вашиот глас го може тоа.
И покажа директно со прстот кон него.Близу градите. Директно.
Човекот се насмевна препородено. Се разделија со , се гледаме, а пак Толку брзо се заврти што ќе се удреше во мене.
- Прости! ми рече и се насмевна. Не така како таа! Мене нешто ми застана во грлото.
Не, не беше таа, оваа беше поинаква, само малку слична на таа.
А светов е преполн со сличности.
Да, преполн е.
Не ја ни поздрави. Само ја остави. Да чека други светици или курви.
септември 5, 2010
Неуредна соба. Искинати. Таа на столче седната од страна.
Ќе скокнам ! Пискаше. Размачкано. Не може, кучко!
Ја тегнеше. Остај го ангелот! Му реков мирно. Ме штипна за образ.
Гнаса ! Го удрив по градите.
Остај не. Ќе ни помине. Подобро да одиш.
И ја отвори вратата. Маглата почна да се крева. Излезе со очила за сонце.
Еден женски лик почна да чекори до неа.
Ја допре по рамото. Може да се сликаме? Ти си светица! извика.
Ја погледна преку очила. Не сум. Се залажуваш. Продлжи да оди.
- Зошто не и’ кажа дека си ти светица?, ја праша ѕверот, молбено.
- Затоа што не сум.
- Тогаш си курвата? И одеднаш му никнаа рогчиња.
- Да бев, колку ќе беше се’ полесно.
Му паднаа рогчињата, а женскиот лик чекореше по неа до крајот . Брзаше. Се додека таа не се измолкна од него.
Не ја ни поздрави. Само ја остави. Да чека други светици или курви. Никој не плачеше, веќе. Ѕверот легна да спие. А таа го измети дворот. Многу лисја дождот донел. Жолти лисје
Грин Смит, крцкаво.
септември 5, 2010
Малку уште трпение под синкастото над.
Го грабнувам овој опис што следи:
Молам?молам? ме прашуваат моите емоции!
Ова е период на кршење кичми. На слабости и гревови.
Ги молам, молам, за трпение другите појави,
Прегризиувам Јазик , за
Во моите очи појавата човек-от е нај, нај,
Феноменално и не ми доаѓа умот. И кога се ќе заебам.
Не ми доаѓа умот. Да се разлошам, не можам.
Голем загриз од јаболкото правам. До семка-та. Со се лушпата.
Грин Смит, крцкаво.
За да не трошам пари за промена ова е време на дождови и зимници
септември 4, 2010
Не сакам да откривам, трагач да бидам
до каде одат твоите впечатоци.
Немој ни ти.
Да ја оставиме таа совршеност таква.
Замислена.
За да не трошам пари за промена
ова е време на дождови и зимници, Или ме потсети,
не е време за терање ќефови
ќе си променам само изглед на блог.
Најавен е почетокот на новата сезона.
Годишни-те времиња.